Промоција на книгите „Свети Шарбел“ и „Отец Кирил Аврамчев“

Промоција на книгите „Свети Шарбел“ и „Отец Кирил Аврамчев“

Во недела 13 ноември 2022 година со почеток во 17.00 часот во Катедралната црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица ќе се одржи промоција на две книги: „Свети Шарбел“ и „Отец Кирил Аврамчев“.

Модератор ќе биде о. Ѓорги Трајков, а промотор о. Оливер Тантушев. Литерарен осврт на книгата за „Свети Шарбел“ ќе даде г–дин Ацо Гогов. Промоцијата ќе биде пропратена со духовни песни во изведба на г–дин Горан Гогов.

На крајот од промоцијата присутните ќе имаат можност да бидат миросани со миро од свети Шарбел од страна на о. Спасо Ристов.

Отец Кирил Аврамчев е роден во 1913 година во Стојаково. Многу рано останал без родителите. По теолошката подготовка во Шибеник и Загреб, служи како свештеник во Струмица и Богданци каде и го дочекал крајот на Втората светска војна во 1945 година. Веќе следната година е уапсен од УДБА и изведен пред „Народен суд“ при што му била изречена смртна казна со стрелање. Во затворот Идризово поминал низ големи маки, а по шест години поминати таму е помилуван и ослободен. По излегувањето на слобода бил сместен кај сестрите Евхаристинки во Гевгелија каде и починал во 1953 година.

Свети Шарбел е по потекло од Либан, маронитски монах пустиник, кој е прогласен од Црквата за светец во 1977 година, Починал во маронитскиот манастир Анаја, на 24 декември 1898 година, на 70. годишна возраст. На неговите застапнички молитви се препишуваат бројни чуда.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот