Програма на Папата за посетата на Грузија и Азербејџан

Папата Фрањо по неодамнешната посета на Ерменија која донесе многу плодови се подготвува за претстојната посета на останатите кавкаски земји Грузија и Азербејџан.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол ја објави програмата за апостолското патување на папата Фрањо во Грузија и Азербејџан од 30 септември до 2 октомври 2016 година.

Папата заминува на пат во петок на 30 септември во 9.00 часот, а пристигнувањето на меѓународниот аеродром во главниот град на Грузија Тбилиси е предвидено околу 15.00 часот. По свеченоста за добредојде следува куртоазна посета на претседателот на Републиката во претседателската палата. На истото место потоа ќе се одржи средба на Папата со претставниците на власта, граѓанското општество и членовите на дипломатскиот кор. Следува средба со Католикос и Патријарх на цела Грузија Илија II во палата на патријархот. Последната точка од првиот ден од посетата на Грузија е средбата со Aсирско – халдејската заедница во халдејската католичка црква Свети Симон.

Во сабота на 1 октомври во програмата е предвидена света Литургија на стадионот М. Мешки, средба со свештениците, монасите и монахињите во црквата Вознесение на Блажена Дева Марија и средба со каритативните работници и нивните штитеници во каритативниот центар на оците камилијанци. На крајот од вториот ден на посетата Папата ќе ја посети патријархалната катедрала Светицсховели во Мцхет.

Дестинација на третиот ден од апостолското патување во недела на 2 октомври ќе биде главниот град на Азербејџан Баку. По пристигнувањето во 9.30 часот, Папата ќе ја предводи светата Литургија во црквата Безгрешно зачнување во Салезијанскиот центар во Баку. Следува ручек со салезијанската заедница. По ручекот ќе се одржи прoтоколарна свеченост за добредојде на плоштадот пред Претседателската палата, а потоа посета на претседателот на републиката во претседателската палата, средба со претставниците на власта во центарот „Хајдар Алиев“. На крајот од својата посета Папата ќе се сретне со православниот епископ на Баку и претседателот на Еврејската заедница.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот