Програма на Папата за посетата на Мароко

Програма на Папата за посетата на Мароко

Програмата на Папата за посетата на Мароко вклучува меѓу останатото средба со мигранти во седиштето на бискупскиот Каритас, како и со свештениците, со богосповетените лица и со Екуменскиот совет на Цркви во катедралата во Рабат.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави програма за апостолската посета на папата Фрањо на Мароко, предвидена за 30 и 31 март оваа година. Прифатен е предлогот на властите во Мароко, посетата да се ограничи на градот Рабат за да му се олесни на Папата при посетата на таа земја.

Сабота, 30 март

Во сабота на 30 март Папата ќе отпатува од римскиот аеродром Фиумичино кон Рабат. По пристигнувањето на меѓународниот аеродром во тој град, најпрво ќе се одржи свеченост за пречек, а потоа посета на царот Мухамед VI во царската палата. После тоа следува средба со мароканскиот народ, властите, претставниците на граѓанското општество и со дипломатскиот кор. За тој ден во програмата е предвидена посета на мавзолејот Мухамед V, посета на Институтот Мухамед VI и средба со мигрантите  во седиштето на бискупскиот Каритас.

Недела, 31 март

Во неделата на 31 март предвидена е посета на руралниот центар за социјална служба во блиското место Темари. После тоа следува средба со свештениците, монасите и монахињите, богопосветените лица и со Екуменскиот совет на Цркви во катедралата во Рабат. После ручекот на програмата е предвидена света Литургија. Последниот настан е предвиден на меѓународниот аеродром во Рабат/Сале пред заминувањето на папата Фрањо од таа земја.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот