Прогласено 70 чудо во Лурд: Гласот ми рече „Извади ги протезите“

Прогласено 70 чудо во Лурд: Гласот ми рече „Извади ги протезите“

„Се вратив во својата соба, и таму глас ми рече: “Извади ги своите протези. Изненадување. Можев да се движам“.

Оздравувањето на чесната сестра од Франција која четириесет години била тешко подвижна поради проблемите во грбот, е седумдесетото прогласено чудо признато со божествена интервенција поврзана со Лурд.

Чудниот настан се случил во 2008 година, после нејзината посета на историското светилиште, а декларацијата за чудесното излекување го објави епископот на Лурд, Николас Брувет, на светата Литургија во базиликата на светилиштето по повод 160 годишнината од објавувањето.

Пред оздравувањето сестрата Бернадете Морија поминала четири операции на карлицата, после што во 1980 година е прогласена за целосно хендикепирана. Едната нога и била изместена, поради што морала да носи протеза и да користи инвалидска количка, како и да зема голема количина на средства против болки.

Зборувајќи за тоа излекување, 79 годишната сестра изјавила дека не отишла во Лурд да бара чудо, туку едноставно молела за „преобраќање на нејзиното срце и сила за да може да го продолжи патот како болен човек“. Посведочила дека во пештерата на објавите го почувствувала мистичното присуство на Света Дева Марија и света Бернардета.

Самото излекување се случило четири дена после враќањето, кога за време на Обожавањето на светата Причест во срцето го почувствувала благословот и Исусовата присутност, придружено со топлина во целото тело.

„Се вратив во својата соба, и таму глас ми рече: ‘Извади ги своите протези’. Изненадување. Можев да се движам“, изјавила сестра Морија која веднаш ја повикала другата сестра за да ја посведочи оваа нагла промена, па така неколку дена после тоа се упатила на километарско планинарење.

После долгите лекарски истражувања, и три состаноци со црковните службеници во Лурд, медицинскиот одбор потврдил дека излекувањето не може научно да се објасни.

Според зборовите на претседателот на одборот, Алесандра де Франчиска, сестрата денес живее совршен нормален живот, со одлично здравје со што е во можност да посети други болни.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Сведоштва

За авторот