Претставниците на Црквите во Светата Земја си разменија божиќни честитки

Претставниците на Црквите во Светата Земја си разменија божиќни честитки

 Во Светата Земја, по повод божиќните празници, се одржа средба на поглаварите на христијанските цркви

Честитањето Божиќ секоја година е можност да се состанат поглаварите на христијанските заедници во Светата Земја, што е важно за градење и потврда на братскиот дијалог. Кустосот на Светата Земја, отец Франческо Патон, заедно со другите членови на фрањевската Кустодија, на 28 декември 2019 година одржа прием на кој се присуствуваа претставници на грчката, ерменската, коптската и сиријската православна Црква, како и претставништвото на Латинскиот ерусалимски патријархат.

Како што стои во соопштението на фрањевската Кустодија, грчкиот православен патријарх Теофил III во својата честитка потсетил на позитивната соработка меѓу црквите во Светата Земја во започнувањето на втората фаза од обновата на базиликата на Светиот Гроб и ја истакнал важноста за зачувување на христијанските обележја во Ерусалим. Се надевам дека ќе дојде ден кога на светот ќе му покажеме дека Црквата во Ерусалим е навистина една – рече во таа прилика кустосот на Светата Земја и вети молитва за мир во Сирија.

Апостолскиот управител на Латинскиот ерусалимски патријархат, надбискуп Пјербатиста Пизабала, на присутните им посака Господовата светлост да ги расветли во драгоцената служба која им ја доверила Црквата. На претставниците на црквите во Светата Земја, освен тоа, им кажа дека нивната служба им овозможува да ги запознаат луѓето кои дошле од сите краеви на светот за да го сретнат Бог кој се наметна со нашите тела, а нас нѐ облече со својата светлост. Членовите на Кустодијата на Светата Земја истиот ден го посетија Мелхитскиот патријархат.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот