Претставено логото за Светската средба на млади во Лисабон

Претставено логото за Светската средба на млади во Лисабон

Светската средба на млади заради пандемијата од коронавирусот е одложна за август 2023 година и ќе се одржи во Лисабон Португалија како што претходно е одлучено, од петок 16 октомври има и свое официјално лого, а отворена е и официјална интернет страница www.lisboa2023.org. Авторка е млада 24 годишна дизајнерка од Лисабон Беатриз Рок Антинес.

Нејзиниот труд како што меѓу останатото стои во соопштението на авторката е насликано во боите на португалското државно знаме, содржи стилизиран лик на Блажена Дева Марија со Бројаницата, која е потпрена на голем крст кон посета на својата роднина Елисавета за да ѝ ја објави радосната вест. Логото е избрано од ватиканската Дикастерија за лаици, семејство и живот меѓу стотината пријавени трудови на конкурсот, а кои пристигнаа од триесет земји во светот.

„Оваа награда и изборот на мојот труд за официјално лого за Светската средба на млади 2023 многу ми значи. Прекрасно е да придонесеш со својот талент за верата и Црквата“, вели младата дизајнерка.

Инаку папата Фрањо одреди темата на конкурсот да биде „Марија стана и поита“ (од Евангелието според Лука за посетата на Марија на својата роднина Елисавета после навестувањето) и сите кандидати кои учествувале на конкурсот за официјално лого за Светската средба на млади во Лисабон 2023 во своите трудови требаше да ја прилагодат идејата на Папата.

Лисабон се подготвува да биде домаќин на најголемиот собир на млади во светот. Градот има 505.000 жители, а е одалечен само стотина километри од Фатима, едно од најпознатите светски богородични светилишта. На пример според истражувањата од 2018 година кои ги наведуваат организаторите на Светската средба на млади, токму младите во Португалија се меѓу најредновните во посетувањето на светите Литургии меѓу младите во Европа.

Потсетуваме Светската средба на млади требаше да се одржи во август 2022 година, но заради пандемијата од коронавирусот е одложена за август 2023 година, бидејќи е одложена и Светската средба на семејства од истите причини, поместена е од јуни 2021 година за во јуни 2022 година.

Имено двата настана го вклучуваат присуството на Папата како и повеќе од десет илјади верници од целиот свет.

Светската средба на млади се одржува на секои три години на различен континент, а ја воспостави папата свети Иван Павле II уште од 1985 година. Организацискиот одбор на Светската средба на млади во Лисабон во 2023 година одреди дека на 16 октомври во чест на изборот на краковскиот надбискуп кардиналот Карол Јозеф Војтила – Иван Павле II за 263 Папа ќе го објави официјалното лого и ќе ја пушти во употреба интернет страницата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот