Престани да се грижиш што другите мислат за тебе…

Колку е страшно кога луѓето не го бараат Бог, а потоа се прашуваат зошто светот оди кон пеколот!

Колку е страшно кога секојдневно посегнуваме по весниците за да прочитаме за трагедиите, а никогаш не посегнуваме по Библијата.

Колку е неразумно што сите сакаат во Рајот, мислејќи притоа дека таму можат да стигнат без да веруваат, без да Го љубат Бог повеќе од сè друго или без да вршат што Библијата научува, Божјиот закон.

Нели е страшно кога некои зборуваат „верувам во Бог“, а сеуште ја следат сатаната (која и самата се плаши од Бог).

Нели е патетично што луѓето еден на друг си испраќаат по илјадници шеги преку електронска пошта, кои се шират како чудовишта, но кога се работи за Божјата порака мора два пати да размислиме пред да ја споделиме со некого; и така ги оставаме поштенските сандачиња на нашите пријатели без таа порака.

Нели мислиш дека е срамно сè што е непристојно, вулгарно и безобразно без проблем може да биде лесно достапно на интернет и тоа многумина сакаат да го гледаат, а истовремено не е дозволено јавно да се зборува за Исус во училиштата, на јавните места, во разните групи за самопомош итн…

И тоа знаејќи што Он направил за нас. Бидејќи Него не го убиле Римјаните. Го убил нашиот грев за да ни биде простено за да Го запознаеме Него во славата кај Отецот.

Нели е неверојатно како некој може да биде секоја недела во црквата, молејќи се и заблагодарувајќи се на Бог за Неговото милосрдие, за уште еден ден живот кој ни го дал итн… но во текот на неделата тој човек да е невидлив христијанин!

Дали ова ви изгледа исправно?

Немој да дозволиш сатаната да те спречи да ја испратиш ова порака на сите луѓе со кои се допишуваш преку електронската пошта. Не е важно ако тој ти каже дека многумина во тоа не веруваат, не дозволувај му да ги оствари своите планови! Престани да се грижиш што другите ќе мислат за тебе. Време е да почнеш да се грижиш што Бог мисли за тебе. Те молам, брате и сестро дали ќе сакаш да ја испратиш ова порака? „Јас веќе тоа го направив!“. Нека Бог засекогаш те благослови.

Меѓугорје.инфо/Д.И.

 

За авторот