Пресвета Троица

Пресвета Троица

Верата во Пресвета Троица е основното таинство на нашата вера. Секој наш ден и секоја наша молитва започнува со знакот на крстот, со кој се обележуваме во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Целиот наш живот со вера е проткаен со оваа реалност, од Светата Тјната крштение, кога се крстиме во Негово име, па сѐ до смртта и воскресението и надежта за заедништво со Троицата во небесната татковина.

Оваа таинство е големо и несфатливо и за нашиот човечки ум. Да се потсетиме на свети Августин и на неговата средба со детето, кое на плажа со школка се обидувало да го префрли морето во дупка песок. За Августин, тоа било знак дека дури и нашите слаби човечки сили не можат да го сфатат таинството Пресвета Троица. Пресвета Троица е присутна во самите почетоци на создавањето. Бог Отецот создава од ништо со Неговото Слово, додека Духот лебди над водите. На Исусовото крштение ни се објавува целата Пресвета Троица, присутна во целата историја на спасението.

Христијанството е вера во Бог, кој е Личност, всушност во Бог, кој е едно во Три Лица. Со овој празник ја славиме таа основна реалност на нашата вера. Не веруваме во некој далечен Бог со кој не би можеле да воспоставиме однос, туку веруваме во Бог кој е личност, всушност Три Лица и кој влегува во однос со нас.

Денешниот празник нагласува дека Бог е еден, Троичен и дека ни се објави. Тој е Бог Создател, Откупител и Просветител. Бог кој е над сè, сè е преку Него, и Тој е во сè. Тоа не е некое пантеистичко верување, туку верување во еден Бог во три Лица. Троицата ни ја дава љубовта на Отецот, благодатта на Синот и заедништвото на Светиот Дух. Додека се крстиме во името на Троица, да бидеме свесни дека со тоа ја исповедаме вера во Троединиот Бог, кому му припаѓаме, и дека трајно сме запечатени со таа вера.

Колку и да е ова таинство несфатливо за нас, ние живееме во него, се движиме и постоиме. Дури и ако не можеме да го сфатиме со својот ум и да го изразиме со зборови, тој сепак проникнува во секој и најдлабокиот дел од нашето битие. Нека ова знаење биде доволно за нас на овој свет, сè додека во иднина не го спознаеме каков што е навистина.

ХКМ/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот