Преображение Господово

Празникот Преображение на Господ Исус Христос или Преображение Господово западната традиција го слави на 6 август според грегоријанскиот календар, додека источната традиција го слави на 19 август (според јулијанскиот календар 6 август). На овој ден се прославува Преображението на Христос на гората Тавор, кога Господ се појави во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Иван.

Значење и симболика

Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан. (Матеј 17,1-9, Марко 9,2-8 и Лука 9,28-36) За да не ослабе верата на апостолите со Неговото страдање кое претстоело Неговите ученици да не отпаднат од Него, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од Својата божествена слава. Преображение на Господ Исус Христос се нарекува настанот преку кој Тој, Премудроста, им посведочил за ова. Затоа ги зел со Себе Петар, Јаков и Иван и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив. И заблескало лицето Негово како сонце, а облеката му побелела како снег, а покрај Него се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија.

Апостолите, восхитени, не знаеле што да прават. И, како што е запишано во Светото Писмо, Петар Му се обратил на Христос со зборовите: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија.“ Но додека Петар уште говорел, се оддалечиле Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфатил Господ и учениците и дошол глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаале овој глас учениците паднале на земјата како мртви и останале така додека Господ не им пристапи и им кажа: „Станете и не бојте се“ (Матеј 17).

Откако слегле од гората, Исус им заповеда да не зборуваат за тоа што го виделе, додека Тој не воскресне.

Историска позадина на празникот

Иако преображенскиот настан се случил 40 дена пред распнувањето на Спасителот, сепак празнувањето на овој празник Црквата го одредува во август, а не пред Воскресението, бидејќи така празнувањето би се паѓало во време на Великиот пост. По востановената традиција, временскиот период од 40 дена го одделува Преображението од празникот Воздвижение на Крстот Господов, кога Црквата повторно ги споменува Христовите страдања и Неговото страдање на крстот.

Празнувањето на празникот Преображение Господово најпрво се славел во Црквата во Ерусалим. Првата икона која го прикажува празнувањето датира од 6 век. Најверојатно, празникот Преображение бил востановен во IV век – кога светата царица Елена, мајката на Константин Велики, изградила на гората Тавор храм во чест на Преображението Господово.

Иконографија

На иконата на празникот Преображение, Христос е централен лик, појавувајќи се со доминантна поставеност во кружна мандорла. Се наоѓа јасно во визулениот и богословскиот центар на иконата. Десната рака Му е крената и со неа благословува, а во левата држи завиткан лист. Мандорлата, со сјајните нијанси на бела, златна и сина ја претставува Божјата слава и светлина. Ореолот околу Христовата глава е испишан со зборовите Oon, со значење „Оној Кој Е“.

Свети пророк Илија и Мојсеј се поставени на два посебни висини, лево и десно од Христос. Се поклонуваат пред Него, со десната рака подадена кон Него, како гест на застапување и потврдување. Како што учи свети Иван Златоуст, на оваа икона се насликани токму тие двајца, за да ги симболизираат Законот (Мојсеј) и Пророците (Илија).

Под Христос се трите апостоли, кои се насликани според нивното доживување на тоа што го виделе. Јаков паднал наназад, со неговите раце затворајќи ги очите.Иване изнемоштен, во центарот; Петар коленичи и ја крева својата десна рака кон Господа, искажувајќи ја неговата желба да направи три сеници. Нивните одежди се несредени, за да се прикаже нивната потресеност од тоа што го виделе.

За авторот