Преку видео порака Папата им се обрати на младите

Преку видео порака Папата им се обрати на младите

Излези од себе и стави се во служба на другите – со тие зборови упатени преку видео порака, папата Фрањо им се обрати на младите во целиот свет, на верниците и на оние кои не веруваат во рамките на подготовката XXXIV Светски ден на млади кој ќе се слави во Панама, од 22 до 27 јануари 2019 година.

Служење на Бог и на ближниот

(…)Зборовите на Марија – додаде Папата – се храбро и великодушно „да“; што се тајната на повикот односно она одење понатаму од самиот себе за да им се служи на другите. Нашиот живот има смисла само во служењето на Бог и на ближниот – истакна Светиот Отец и рече: Голем број млади по завршувањето на студиите често изразуваат желба да им помогнат на другите, да направат нешто за оние кои страдаат. Силата на младите може да го промени светот и тоа – според зборовите на Папата – преку револуцијата на служењето која може да ги совлада силите на овој свет.

Да имаме храброст да кажеме „да“

Служењето на ближниот не опфаќа само тоа да се биде подготвен за акција – додава папата Фрањо – имено треба да започнеме дијалог со Бог, во став на слушање, токму како Марија. Таа го слушала ангелот и потоа одговорила. Да го откриеме во тој однос со Бог, во тишината на срцето, својот идентитет и повикот на кој Господ нè повикува, а која може да се изрази во различни облици: во бракот, во посветениот живот, во свештенството. На крајот станува збор за голем број начини на наследување на Исус, откривајќи што Господ очекува од нас и имајќи храброст да кажеме „да“.

Марија, среќна жена

Марија била среќна жена затоа што била великодушна пред Бог кој за неа имал план. Така и Господовите предлози упатени до нас не сакаат да ги згаснат нашите соништа, туку да ги запалат желбите за да вродат со плод, да ја поттикнат насмевката и да го развеселат срцето. Да се даде на Бог потврден одговор е првиот чекор кон нашата среќа и за да се направат среќни многу други луѓе – истакна Папата.

Патот на подготовката

Папата Фрањо затоа ги поттикнува младите на дијалог со Бог, дозоволувајќи Господ да им говори за да видат како нивниот живот се менува и се исполнува со радост. Посакувајќи им успешен пат кон Панама, Папата видео пораката – тоа средство кое сака да биде и вдахновение за пасторал со младите – ја заврши поттикнувајќи на учество во подготвителните иницијатици во придружба на Дева Марија чиј пример нè поттикнувадда бидеме храбри и великодушни во одговорот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот