Предупредување за идеолошката колонизација на Африка

Од самиот прв ден на работилниците на синодата за семејство оддекна предупредување за идеолошка колонизација која се одвива во целиот свет, а особено во Африка каде меѓународните организации, во замена за помош за развој, на сиромашните земји им наметнуваат погледи кон животот кои ги уништуваат природните и полови разлики. Општеството не може да се заштити кога се напаѓа семејството – објасни Терезе Нирабукеј, член во африканскиот сојуз за семејни активности во Руанда и учесничка на синодата.

На африканскиот континент луѓето сé уште се блиски со природата… – рече Терезе во разговор за Радио Ватикан. Однадвор се вршат многу притисоци кои на нас, на пример, ни наметнуваат контрацепција – додаде – но во душата, во афричката култура, тоа не се прифаќа. Поради тие политички притисоци, луѓето веќе не се слободни да го прават она што сакаат. Како што рече Папата, тоа е облик на идеолошка колонизација. Она што нас навистина нé боли е фактот дека луѓето се охрабрувани да прават нешто што не сакаат – истакна Терезе.

Спомнувајќи  дека тоа се случува насекаде во Африка, затоа што – како што кажа – светската програма која е наменета најмногу за земјите во развој, членот на Афричкото заедништво за семејни активности напомена дека африканскиот народ чувствува дека во неговата душа сé уште постои нешто свето што се однесува за животот и личноста. Сé уште го имаме тоа чувство, но надворешните притисоци сакаат да ја киднапираат нашата душа! Се спроведуваат промени во секојдневниот, човечки живот на секое семејство. А тоа е страшно – забалежа Терезе и додаде дека видливо е како родовата идеологија го менува брачниот и семејниот живот. Притоа изрази страв за иднината на африканските семејства.

А што се однесува за Црквата и нејзината улога, Терезе, пред сé кажа дека Црквата е единствената институција која сé уште секогаш го штити човечкото достоинство како што Господ сака. Затоа од Црквата очекувам силен збор кој ќе го потврди достоинството на личноста, семејството и жената, како што Господ сакаше во својот божествен план. Црквата треба да зборува јасно, затоа што не сме само ние, христијаните, кои од Црквата очекуваме силни зборови, туку и оние кои не веруваат, барем така е во Африка. И тие од Црквата очекуваат збор кој ќе им помогне на луѓето да се движат напред како личности.

Забележувајќи потоа дека на семејството му е потребна посебна грижа, затоа што сите доаѓаме од семејство и одиме кон семејство. Терезе истакна дека помошта на семејствата вклучува и се однесува на целосен пасторал затоа што темелното градење на личноста започнува во семејството. Поради тоа, ако градителите „не се изградени“, како може да се мисли на личност која е навистина „личност“?- праша на крајот членот во африканскиот сојуз за семејни активнсоти во Руанди и учесничка на синодата, Терезе, истакнувајќи дека поради тоа, работата која Црквата треба да ја изврши е многу важна.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот