Предбожикен и Божикен распоред во КАТОЛИЧКА ПАРОХИЈА РАДОВО

Од 04 до 10 јануари 2016

Понеделник 04 јануари 2016 (22 декември 2015 според јулијанскиот календар)

и Вторник 05 јануари (23 декември 2015)

Св. Литургија во 08 часот

Молење на Деветница во пресрет на Божик во18 часот.

Света Исповед: претпладне од 10 до 12 часот.

Попладне од 17 до 19 часот.

Среда 06 јануари 2016 (24 декември 2015) – Бадник

Предпладне: св. Литургија во 08 часот.

Веднаш по Литургијата посета на болните: Исповед и света Причест.

Вечерта: во 22 часот – завршница на Деветницата во пресрет на Божик;

– поставување на Малиот Исус во јаслите на Пештерите

– Божествена Литургија

Четврток 07 јануари 2016 (25 декември 2015) – Прв ден Божик

Света Литургија во 10 часот.

– веднаш по Литургијата рецитал со Божикен карактер на децата од почетните одделенија на основно училиште.

Петок 08 јануари 2016 (26 декември 2015) – Втор ден Божик.

Празник на Светото Семејство

На светата Архиерејска Литургија која ќе ја предводи Неговото Високо Преосвештенство монс. д-р Киро Стојанов, Апостолски егзарх во Макеодонија и Скопски бискуп, свештеничко ракополагање ќе прими ѓакон Ванчо Назов. Во сослужение на владиката покрај домашните свештеници ќе бидат и останати католички свештеници од Македонија.

Во пригода на свештеничкото ракополагање ќе бидат искажани кратки рецитали од децата од основно училиште, средношколците и младите од Радово. Песните ќе бидат пратени од бендот „Еклесија“, под водсто на проф. Македонка Ангелова.

Сабота 09 јануари 2016 (27 декември 2015) Трет ден Божик

Празник на св. Првомаченик Стефан

Св.Литургија во 9,30 и 16 часот

——————————————-

Распоредот на Светите Литургии следната недела на 10 јануари неделен – во 08, 09,30 и 16 часот.

——————————————-

КАТОЛИЧКА ЦРКВА РАДОВО

СВЕТИ ПРОРОК ИЛИЈА

ПАРОХ Отец д-р ЗОРАН И. СТОЈАНОВ

Адреса:Радово 139/ 2433 Турново/МК

e-mail: paljurci@yahoo.it

tel.00389 34 357 391

mob. 00389 70 514595

Категорија: Македонија

За авторот