Предадена донацијата од Божиќниот базар

По завршувањето на светата Литургија во недела 29 декември во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица претставничката на Молитвено- каритативната група на жени од парохијата, Милица Николова од име на сите жени кои учестуваа во подготовка и организација на Божиќниот базар, на парохот о. Гоце Костов му ја предадоа уплатницата за донација. При тоа во своето кратко обраќање истакна дека задоволството е големо што можат на овој начин да допринесат за Црквата, а за во иднина најави слични вакви активности во парохијата.

1218_1

Отец Гоце Костов се заблагодари на големата донација, како и за нивниот голем допринес и пример за несебично ангажирање, но исто така се заблагодари и на оние кои дојдоа на Божиќниот базар и на тој начин го дадоа својот доринес за да биде успешен овој базар.

Како што веќе информираше католици.мк во недела 22 декември групата жени организираше Божиќен базар, а собраните средства се наменети за потребите на Црквата во изградба.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот