Прва Света Причест во парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово

Прва Света Причест во парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово

Во парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово на 6 декември 2020 година Неговото Високо Преосвештенство д-р Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија во сослужение нa парохот о. д-р Зоран И. Стојанов и капеланите о. Трајче Ташев и о. Илија Стојанов, а по повод Првата Света Причест, на која деца од парохијата за прв пат го примија Христос во светото Причастие.

Во оваа прилика владиката Стојанов упати пригодна проповед, во која ја истакна важноста на светата Причест во животот на христијаните и дека секој Христов наследник е убеден во вистинското присуство на Христос во светата Причест, односно „Вистинското тело и вистинската крв на Господ Исус Христос преку претворбата на Светата Литургија.“

Поради пандемијата на Ковид 19, свеченостa оваа година се одржа во специфични услови. Покрај примена на мерките за спречување на ширење на вирусот, не се одржа и во традиционалниот период од годината, односно околу празникот на Евхаристијата, кој се паѓа во месец јуни. Исто така поради мерките за заштита изоставена беше процесијата на која учество земаа свештениците, министрантите, децата првопричесници и нивните родители, а изостана и традиционалната заедничка фотографија.

На крајот од светата Литургија децата првопричесниците приредија краток рецитал.

к.мк/Филип Стојанов

Категорија: Вести, Македонија

За авторот