Прва Причест во Чанаклија

Прва Причест во Чанаклија

Во неделата на 27 јуни 2021 година во филијалната црква „Свети Великомаченик Ѓорги“ – Чанаклија, две деца од село Чанаклија примија Прва света Причест. Тие во изминатиов период духовно се подготвуваа за да примат Господ Исус Христос. На Литургијата присуствуваа бројни верници од селото, како и роднини и пријатели на првопричесниците.

Во проповедта о. Ванчо Назов ја потенцираше важноста на светата Причест за зачувување на нашата вера посебно во денешниве прилики во општеството и заедницата, а на крајот од Литургијата тој се заблагодари на Господ Бог за овој настан, како и на родителите и сите оние кои ги подржуваат децата на нивниот христијански пат.

На крајот првопричесниците добија и пригодни подароци по повод овој светол миг за нив. По Светата литургија следеше заедничко дружење во дворот на црквата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот