Прва Причест во Петралинци

Прва Причест во Петралинци

На светата Литургија на празникот Сите Светии, во недела 11 јуни 2017 година, четири деца од парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Петралинци примија Прва Света Причест, а пред самата причест децата првопричесници со запалени свеќи во рацете ги обновија своите Крштелни завети.

Во проповедта о. Ѓорги Појразов истакна дека светата Евхаристија е всушност вистинската радост и вистинското среќавање на нашите души со Исус Христос.

На крајот од светата Литургија, првопричесниците прикажаа и рецитал, исто така добија спомен од Првата Света Причест. Свеченоста продолжи со заеднично агапе во парохиската сала.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот