Прва Причест во парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица

На празникот на Пресветата Евхаристија, 14 јуни 2015 година во парохијата Свети Иван Крстител во Струмица се служеше света Литургија по повод Првата Причест во парохијата. Свеченоста започна со свечен влез во Црквата, а пред самата причест децата првопричесници со запалени свеќи во рацете ги обновија своите Крштелни завети.

Во проповедта о. Гоце Костов осврнувајќи се на евангелеито во кое Исус ги повикува своите први ученци, истакна дека Исус и денес со своето Слово, својата Црква и преку христијаните кои сведочат за Него, повикува луѓе за да Го следат. Така тој денес ги повика овие деца за да го примат живиот леб од небото.

Кон крајот на свеченоста следуваше процесија и со светата Причест околу Црквата и благослов.

По повод празникот на Евхаристијата и Првата Причест група верници и деца од парохијата во црквата изработија цветен тепих, на кој од цвеќиња беше преставена светата Причест.

Свеченоста продолжи со заедничко агапе во парохиската сала организирано од родителите на

децата првопричесници, а со учество на целата парохиска заедница.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот