Прва Причест во Богданци

На 7 септември 2014 година во парохијата Свети Кирил и Методиј – Богданци свечено беше прославена Првата Причест на 4 деца од парохијата, кои за прв пат се причестија со Телото и Крвта Христова. За време на Светата Литугија која ја служеше парохот о. Тома Ангелов, во присуство на верници од парохијата, пред да се причест првопричесниците ги обновија своите Крштелни завети.

За време на летниот распуст овие деца интензивно се подготвуваа за Првата света Причест, посетувајќи преку целото лето веронаука, која ја водеше о. Тома Ангелов.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот