Прва енциклика на папата Фрањо – Светло на верата

Ватикан, 1.7.2013 /к.мк/ – Својата прва енциклика папата Фрањо ќе ја објави во петок, 5 јули. Енцикликата ќе биде со наслов „Светло на верата“ (Lumen fidei). Ова е објавено во Ватикан во понеделник 1 јули. Енцикликата ќе биде преставена во Ватикан на прес конференција со почеток во 11.00 часот од страна на префектите на Конгрегацијата за епископи и Конгрегацијата за наука на верата, кардинал Марк Куелет и архиепископот Герхард Лудвиг Милер, како и претседателот на Папскиот совет за Нова Евангелизација Рино Физикела. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<