Почина парохот во Руски Крстур о. Михаило Малацко

Почина парохот во Руски Крстур о. Михаило Малацко

Во четврток 16 септември 2021 година почина парохот во Руски Крстур/Р. Србија, о. Михаило Малацко. Погребот ќе биде во сабота 18 септември 2021 година во 10.00 часот во катедралната црква Свети Никола во Руски Крстур.

Протојереј ставрофор о. Михаило Малацко е роден на 28 февруари 1955 година во Руски Крстур. Основно училиште завршил во Руски Крстур, гимназија во Рим, каде две години студира Филозофија, а четири години телогија во Загреб. За свештеник е ракоположн на 18 септмеври 1994 година, а пред тоа се оженил со Златица Буила. Бил капелан во Руски Крстур, парох во Шид, а од 2008 година парох во Руски Крстур.

Почивај во мир!

Категорија: Вести, Свет

За авторот