Почина о. Георги Ангелов

Почина о. Георги Ангелов

Окрепен со светите Тајни, на 6 февруари 2021 година година, почина о. Георги Ангелов, свештеник на Струмичко – скопската епархија.

Отец Георги Ангелов е роден на 28 март 1935 година од родители Тома и Невена. За свештеник е ракоположен на 25 март 1959 година во Крижевци од епископот Букатко. Првата негова служба ја извршува во Богданци, Гевгелија и Стојаково, каде останува до 1972 година. Од 1972 до 1992 година е поставен да служи во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. Од 1992 до 1996 година е управител на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци. Од 1996 година е во мирување и остатокот од својот живот го помина во родното место Радово, каде беше на располагање за потребите на парохијата.

Вечен покој дади му Господи и вечна светлина нека му свети. Нека почива во мир. Амин.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот