Почина Мајка Анџелика, основателка најголемата католичка телевизија

Мајка Анџелика, позната по тоа што ја основа една од најголемите католички телевизии, EWTN (Eternal Word Television Network), почина вчера, на Велигден, по15 години боледување, во својата 92 година од животот.

Таа клариса со својата работа „го промени лицето на католицизмот во САД и во разни делови на светот“, објави National Catholic Register, една од службите која е поврзана со мрежата што ја основа Мајка Анџелика.

Уште се воодушевувам на тоа што Бог постигна преку оваа жена: монахиња без никакво искуство со медиумите која успеа да изгради светска католичка медиумска куќа и тоа ја потврдува мојата вера секој ден. Тоа не е ништо помалку од некое чудо, истакна директорот на EWTN, Михаел Варсав.

Мајка Анџелика го постигна она што самите бискупи не можеа да го постигнат. Ја основаше и ја прошири мрежата кон која имаа пристап верниците католици, која ги разбираше нивните потреби и го хранеше нивниот дух, рече надбискупот на Филаделфија, монсињор Чарлс Шапут. „Преминувајќи во вечен живот, Мајка Анџелика остава позади себе наследство на светост и предаденост на новата евангелизација која сите нас би требала да нѐ поттикне“, истакна Карл Андерсон, главен и извршен директор на Витезите на Колумбо.

Родена е 1923 година како Рита Рицо во италијанско-американско семејство, имала тешко детство, кое го одбележало разводот на нејзините родители, а потоа и живот во сиромаштво со нејзината мајка. Во младоста била тешко болна, но оздравела на чудесен начин и потоа му се посветува на Бог. Мајка Анџелика на возраст од 23 години влегува во манастирот на сестрите Клариси, а 1953 година ги дава вечните завети. Во Ирондејл, Алабама, го основа манастирот во 1961, кој со тек на времето стана и седиште на ЕВТН.

Сестра Анџелика немала никакво медиумско искуство и е сестра клариса, што значи дека не можела да излегува од манастирот кога ќе посака. Во 1980 година сестра Анџелика го уреди телевизиското студио во гаража од манастирот во Ирондејл. На Голема Богородица 1981 година ЕВТН доби свој кабелски канал.

На почетокот програмата беше неколку часа, додека денес нивната програма ја следат повеќе од 230 милиони домаќинства во повеќе од 140 земји во светото. Истоа така имаат и радио станица, интернет страница, информативни и печатени изданија, во моментот се најголемата католичка медиумска куќа во светот.

Мајка Анџелика го предава управувањето на ЕВТН во 2000 година на посебен одбор, а година дена покасно добива мозочен удар. Папата Бенедикт XVI во октомври 2009 година ѝ додели медалја „Ecclesia et Pontifice”, најголемо признание кое Светиот Отец го доделува за служење на Црквата.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот