Починаа с. Леонија и с. Татјана, сестри Евхаристинки

Починаа с. Леонија и с. Татјана, сестри Евхаристинки

На 21 октомври 2020 година по кратко боледување во ист ден починаа двете родени сестри и сестри Евхаристинки, с. Леонија и с. Татјана.

Сестра Леонија ќе биде погребана денес, среда 21 октомври 2020 година во 16.00 часот на Католичките гробишта во Струмица.

Погребот на сестра Татјана е во четврток 22 октомври 2020 година на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје со почетокот во 13.30 часот.

Сестра Леонија долги години работеше во Очното одделение при Општа болница Струмица, додека с. Татјана го водеше Катедралниот хор во Скопје.

Вечен покој дарувај и Господи и вечна светлина нека и свети. Нека почиваат во мир. Амин.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот