Почесниот папа Бенедикт XVI служеше света Литургија со својот брат Георг

Почесниот папа Бенедикт XVI служеше света Литургија со својот брат Георг

Откако почесниот папа Бенедикт XVI пристигна на 18 јуни во Регенсбург во попладневните часови служеше света Литургија со братот Георг Рацингер, објави на 1 јуни на Твитер порталот бискупијата Регенсбург.

Бенедикт XVI потоа се повлече во богословијата каде престојува за времена посетата во родниот крај, за кја се одлучи заради влошената здравствена состојба на неговиот брат. Во вечерните часови повторно го посети. Портпаролот на бискупијата Клеменс Нек замоли да го почитуваат фактот дека станува збор за приватна посета.

Бенедикт XVI од повлекувањето од Петровата служба во 2013 година ја нема посетено неговата родна земја. За време на својот понтификат ја посети својата татковина три пати: Во 2005 година по повод Светскиот ден на млади во Келн, во 2006 година последен пат официјално ја посети Баварија, а во 2011 година зборуваше во Бундестагот и го посети Фрајбург. Георг Рацингер го посетуваше својот брат во Ватикан повеќе пати годишно.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот