Почесниот папа Бенедикт XVI наврши 91 година

Почесниот папа Бенедикт XVI наврши 91 година

Почесниот папа Бенедикт XVI на 16 април наврши 91 година од животот. Тој е роден на 16 април 1927 година во Марктл во Германија, а за Папа е избран на 19 април 2005 година. Од папската служба се повлече на 11 февруари 2013 година, а почесен папа е од 28 февруари истата година.

Минатата година по повод 90 роденден пред неговата резиденција во манастирот „Mater Ecclesiae“ во Ватикан, на 17 април се одржа баварска прослава односно прослава на роденденот во знакот на пивото, переците и музика која ја изведе уметничкото друштво чии членови беа облечени во традиционална носија. На крајот од средбата, пред да им подели благослов, Бенедикт XVI им се заблагодари што му овозможија накратко да се врати во својата прекрасна земја.

Пет години пред тоа пак, славејќи света Литургија на самиот роденден, на 16 април 2012 година, папата Бенедикт рече дека се наоѓа пред последниот дел од својот животен пат. Не знам што ме чека – рече – но знам дека има Божја светлина, дека Он воскресна дека Неговата светлина е посилна од секоја темнина; дека Божјата добрина е посилна од секое зло на овој свет. И тоа ми помага да одам напред со сигурност. Тоа на сите ни помага да одиме напред, и во овој момент од срце им се заблагодарувам на сите кои преку својата вера постојано ми даваат да го почувствувам Божјото „да“ – рече Бенедикт XVI.

РВ/к.мк

Таг: Почесниот папа Бенедикт XVI

Клучни зборови: папа Бенедикт XVI, роденден

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот