Потфати за зачувување на создаденото

Рио де Женеиро, 11.4.2013 /к.мк/ – Рио де Жанеиро, е градот во Бразил кој ќе ги прими учесниците на Светскиот ден на млади, прв во понтификатот на папата Фрањо. По желба на Фондацијата Иван Павле II, Папскиот совет за лаици и архиепископијата Рио де Женеиро, во рамките на потпишаниот договор помеѓу италијанското и бразилското министерство за екологија ќе покренат потфати за зачувување на создаденото. Спомнатиот договор се залага за зачувување на создаденото и одржлив развој, кој на 4 април беше претставен во Рим.

Во Рио де Жанеиро минатата година беше одржана Светска средба за одржлив развој. Во светот најголема залиха на биолошка разновидност има Рио. Папата Фрањо уште во своите први настапи зборуваше за зачувување и почитување на создаденото и природата. Почитувајќи и следејќи ја оваа задача, се појавила идеја на оваа голема средба, Светскиот ден на младите во Рио, кој ќе се одржи од 21 до 28 јули оваа година, му се додаде уште едно значење.

Италијанскиот министер за екологија ја истакна можноста, затоа што Светскиот ден на младите во Рио се одржува точно по една година од Светската средба „Рио + 20“ за одржливи развој, кој претставуваше пресвртница во меѓународните односи и посебно односот помеѓу разните групи на држави кои подржуват праведен и одржлив развој. Средбата „Рио + 20“ одржана во јуни 2012 година, одреди заедничка обврска на развиените земји, помалку развиените и земјите во голем економски раст, таканаречената група Брикс, односно Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка – потсети министерот.

Постои значи заедничка обврска да се изгради светско стопанство кое го нарекуваме зелена економија, кое всушност се темели на одржлива експлоатација на природните и енергетските ресурси. Тоа е битна разлика во однос на она претходното, затоа што претходните видувања се темелеа на фактот сиромашните земји и земјите во развој, да имаат право да се развиваат независно од одржливиот развој. Овде зборуваме за солидарната обврска на целото човештво, а во таа смисла Светскиот ден на младите е најдобриот контекст уште повеќе да се зацврсти солидарниот поглед – потврди министерот Клини.

Освен во учеството на бројните настани, младите ќе бидат повикани да учествуват на средбите на научници, теолози, стручњаци, претставници на локалните цркви и движењето на зелените. После сето тоа ќе биде објавен „Манифест за зачувување на создаденото“. А желбите да станат стварност, во текот на Светскиот ден на младите ќе бидат подготвени инфраструктури со многу мала енергетска потрошувачка и со многу мало загадување од јаглен, при што предничи “Forum Das Americas” кој веќе со години дејствува во Бразил за зачувување на околината.

Помеѓу останатите протагонисти, како што кажа Марчело Бедеши, претседател на Фондацијата Иван Павле II, ќе настапи и ректорот на Католичкиот универзитет во Рио, исусовецот отец Јосеф Карлос де Сикуеира, кој многу добро ги познава проблемите на Јужна Америка за зачувување на природата, потоа отец Енцо Фортуната, од манастирот во Асизи и уредник на списанието „Сан Франческо“. Тоа го сметам за многу важно, зошто како момче првите сознанија за таа тематика ги добив токму од Фрањевци во Асизи. Тие навистина се истакнуваат во зачувувањето на животната средина. Тука е и професорот Виторијо Канута, стручњак во министерството, а беше советник на папата Иван Павле II за зачувување на околината – рече Марчело Бедекоши. Завршниот документ ќе биде подготвен во Рио со наслов: „Иднина каква посакуваме“.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<