Потполн опрост за Светскиот дена на баби и дедовци и стари лица

Потполн опрост за Светскиот дена на баби и дедовци и стари лица

Канцеларијата за печат при Светиот Престол во вторник 22 јуни 2021 година го објави декретот на Апостолската покорничара со условите за добивање потполн опрост по повод 1. Светски ден на баби и дедовци и стари лица со дата од 13 мај 2021 година.

Потполн опрост за себе или за душите во чистилиштето можат да добијат бабите и дедовците, старите лица и сите верници кои, под вообичаени услови (исповед, причест и молитва по накана на Светиот Отец), поттикнати со вистински дух на покајание и милосрдие на 25 јули 2021 година ќе присуствува на света Литургија во базиликата Свети Петар која ќе ја предводи папата Фрањо или на некоја друга света Литургија на тој ден ширум светот.

Потполн опрост може да добијат сите верници кои на тој ден ќе посветат соодветно време за лична или виртуелна посета на своите постари браќа и сестри во неволја или тешкотија (како што се болни, напуштени, лица со инвалидитет и оние во слични ситуации).

Потполн опрост можат да добијат и оние кои ќе се откажат од секој грев и ќе одлучат да ги исполнат трите вообичаени услови со првата можност, болни и сите кои поради сериозна причини не можат да го напуштат својот дом и со духот да се соединат со светите служби за Светскиот ден, принесувајќи му ги на милосрдниот Бог своите молитви, болки или страдање во сопствениот живот, посебно преку преносите на зборовите на Врховниот свештеник и славењата преку телевизија или радио и новите средства за комуникација.

Затоа, Апостолската покорничара ги повикува свештениците да бидат на располагање за Светата Тајна Исповед.

Светскиот ден на баби и дедовци и стари лица го воспостави папата Фрањо во јануари 2021 година, предвидувајќи тој да се слави секоја година во четвртата недела во јули, во пресрет на празникот на светите Јоаким и Ана, бабата и дедото на Исус.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот