Потпишан привремен договор помеѓу Светиот Престол и Кина

Потпишан привремен договор помеѓу Светиот Престол и Кина

После постепеното и взаемно приближување во Пекинг е потпишан Привремен договор за именување на епископите со надеж дека позитивно ќе влијае на животот на Црквата во Кина.

Во рамките на средбите помеѓу претставниците на Светиот Престол и Народна Република Кина, кои веќе долго се во тек со цел разговор за црковните прашања од заеднички интерес заради промовирање на идните договори, на 22 септември 2018 година во Пекинг се сретнаа монс. Антоан Камилиери потсекретар за односи со државите на Светиот Престол и Ванг Шао заменик министер за надворешни народите на Народна Република Кина, односно водачите на ватиканската и кинеската делегација.

Во контекст на таа средба двајцата претставници потпишаа Привремен договор за именувањето на епископи. Спомнатиот договор е резултат на постепеното взаемно приближување, склучен после долги промислени преговори и предвидува повремени проценки за неговата примена. Во него се зборува за именувањето на епископите, многу важно прашање за животот на Црквата и создава услови за поширока соработка на билатерално ниво.

Заедничката надеж е дека тој договор ќе поддржи плоден и долгорочен пат кон институционалниот дијалог и позитивно ќе придонесе за животот на Католичката Црква во Кина, за доброто на кинескиот народ и мирот во светот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот