Потпишан договор помеѓу Светиот Престол и Буркина Фасо

Потпишан договор помеѓу Светиот Престол и Буркина Фасо

Договорот е составен на француски јазик, има преамбула, 19 члена и додатен протокол со кој на Католичката црква во Буркина Фасо и се гарантира извршување на своето послание.

Во Ватикан на 12 јули е потпишан договор помеѓу Буркино Фасо и Светиот Престол, со кој се решава правната положба на Католичката Црква во таа земја. Во име на Светиот Престол договорот го потпиша надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите, а во име на Буркина Фасо, Алфа Бери, министер за надворешни работи и соработка.

Договорот е составен на француски јазик, има преамбула, 19 члена и додатен протокол со кој на Католичката црква во Буркина Фасо и се гарантира извршување на своето послание. Со договорот посебно е призната правната посебност на Црквата и нејзините установи. Исовремено чувајќи ја својата независност и автономија, двете страни се обврзуваат дека ќе соработуваат за морална, духовна и материјална благосостојба на луѓето и промовирање на општото добро. Договорот ќе стапи на сила по ратификацијата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот