После берлинската конференција за кризата во Либија, расте надежта за мирот

После берлинската конференција за кризата во Либија, расте надежта за мирот

Само либискиот политички процес, кој го води Либија, може да го заврши конфликтот и да донесе мир, е заклучокот на Меѓународната конференција за кризата во Либија која се одржа во Берлин. 

Само либискиот политички процес, кој го води Либија, може да го заврши конфликтот и да донесе мир, е заклучокот на Меѓународната конференција за кризата во Либија која се одржа во Берлин. Во заедничката декларација која следеше после 4 часа разговор, светските водачи го прифатија договорот кој го изработи Организацијата на обединетите нации. Со документот се обврзаа дека ќе се воздржат од мешање во либискиот оружен конфликт и во внатрешните либиски работи.

Земјите кои се вклучени одлучија дека на завојуваните фракции нема да им даваат понатамошна воена помош, и поради тоа гласаа за ембарго на оружје кое беше предложено од Обединетите нации, а кое сега ќе мора да се следи со повеќе внимание отколку во минатото. Конференцијата отвори нова надеж за мирна иднина на Либија.

Иако не го потпишаа документот, во Берлин премиерот Ал – Сарај и генералот Хафтар именуваа членови на воена комисија која во склад со акциските планови на Обединетите нации, ќе мора да го надгледува крајот на непријателствата и над сѐ да воспостави мир на военото поле. Сите светски лидери на крајот на средбата изразија надеж дека ќе се почитува примирјето. Освен тоа, иако во документот не се споменува, се зајакна предлогот да се пратат меѓународни сили за мир под покровителство на Обединетите нации и Европската унија во Либија. Ова е предлог кој во суштина е дојден од самиот Ал – Сарај точно пред почетокот на конференцијата.

Што се однесува за ембаргото, тоа се само зборови, се работи за обврски, но треба да се потсети дека во Либија ембаргото е на сила од 2011 година – рече за Ватикан њуз Лоренцо Марионе, стручњак за Северна Африка од Центарот за меѓународни студии. Тоа што премиерот Ал – Саррај и генерал Хафтар не го потпишаа договорот, не изненадува со оглед на тоа што странците беа главни фактори на меѓународната конференција. Не смее да се исклучи можноста за трета личност од Либија која на земјата би ѝ дала мир и стабилност. Европската унија нема единствен став за таа земја и поради тоа влегоа нови играчи како што се Русија, Турција и Обединетите Арапски Емирати.

Светските водачи, од рускиот претседател Владимир Путин и турскиот Реџеп Тајип Ердоган до англискиот премиер Борис Џонсон, изразија задоволство поради тоа што се постигнало во Берлин. Германската канцеларка, Ангела Меркел истакна дека не се решени сите проблеми, но се создаде дух и темел за да може да се продложи по тој пат на Обединетите нации. Главниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутареш напомена дека од таа конференција произлегла обврска на сите за мирно решавање на кризата.

Дека не постои воено решение, сите се согласуваат, па и оние кои имаат директна улуга во конфликтот. Во името на Соединетите Американски Држави, државниот секретар Мајк Помпео изрази надеж за што побрзо отворање на либиските пристаништа кои заради нафта, генерал Хафтар ги затвори пред берлинската конференција.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот