Послание на Суверениот малтешки ред во Бејрут

Послание на Суверениот малтешки ред во Бејрут

Претседателот на Суверениот малтешки ред во Либанон Марван Сехнаоу во отворено писмо предупредува дека неговите граѓани се „болни, гладни и очајни“.

Страшната експлозија на пристаништето во Бејрут која на 4 август уби повеќе од 200 луѓе, рани 6000 и расели 300.000 се случи среде национална криза во земјата оптеретeна од ендемска корупција, лошо управување, и колапс на економијата и инфраструктурата. Во разговор за Радио Ватикан Сехнаоу истакнува дека Либанците повеќе ништо немаат – кров над главата, здравствена заштита, храна, струја, образование…

Рестрикцијата на електричната енергија значи дека луѓето имаат струја 3-4 часа дневно што влијае на сите подрчја на живот, заради тоа не можат да го чуваат млекото во фрижидер до функционирањето на операционите сали. Сехнаоу додава дека во последните четири месеци без работа останаа три до четири стотини илјадни луѓе, а либанската економија е во „слободен пад“ во последните десет месеци. Експлозијата во Бејрут само го привлече вниманието на светот на таа црна реалност.

Откако банките престанаа да функционираат финансискиот опстанок е неостварлив – 60% од населението живее под границата на сиромаштво, инфлацијата е околу 600 до 700%, либанската валута загуби 85% од својата вредност. (…)

Суверениот малтешки ред во целата земја „која е на колена“ ни овоможува токму неопходна медицинска помош и основните услуги; неговите работници и волонтерите водат десетина центри со примарна здравствена грижа и седум мобилни амбуланти, а услугите се бесплатни за сите без оглед на вероисповедта затоа што „сите се еднакви – сите се Божји созданија“, порача Сехнаоу.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот