Посетата во Кореја на Папата во бројки

Известувајќи за подготовките за посетата на Папата, корејските весници објавија и различни статистики. На Литургиите 180.000 волонтери ќе поделат околу 300.000 шишања вода, за да им помогнат на верниците во борбата со жешкото време. Околу 100.000 поклоненици ќе допатуваат со 1.700 автобуси, а на централната Литургија ќе има повеќе од 100 епископи. Настаните за посетата на Папата ќе ги обезбедуваат 30.000 полицајци и околу 5.000 волонтери меѓу кои има и некатолици. Посетата на Папата во Кореја ќе ја следат 2.800 акредитирани новинари.

РВ/Д.И.

Категорија: Свет

За авторот