Посвојување на далечина е знак на Божјата нежност

Посвојување на далечина е знак на Божјата нежност

Во својот говор пред членовите на здружението „Проект Агата Смералда“, Папата повторно зборуваше за брачните двојки кои се отворени за прифаќање деца без семејства, а ги пофали и оние кои се посветени на посвојување на далечина. Вистинската револуција во светот ја прават оние кои работат од ден за ден, без врева, за малите и сиромашните повеќе да не бидат презирани, отфрлени, напуштени, рече Папата.

Во срдечниот говор упатен до членовите на Здружението „Проект Агата Смералда“, кои ги прими во аудиенција на 5 март 2022 година, папата Фрањо ја нагласи соработката на здружението со надбискупијата во Фиренца, која промовира посвојување на далечина со цел за да ги заштити животите и достоинството на децата во сите краитшта на земјата, заедно со надбискупијата Фиренца и искажа благодарност за нивната посветеност и соработка да се шират во светот на Божјата нежност и неговото татковство, што е голем дар, кој ни е даден од Исус.

Папата Фрањо потсети дека неодамна зборувал за посвојувањата, во една од катехезите посветени на свети Јосиф и дека ги пофалил и охрабрил брачните парови кои ги отвораат своите срца и домови да примат момчиња или девојчиња кои немаат семејство. Врз основа на проектот Агата Смералд, тој ја препозна истата чувствителност, отвореност, татковство и мајчинство на паровите кои се отвораат за родителство. Оној што ќе одлучи да посвои од далечина е мотивиран од желбата да му помогне на момчето или девојчето да се чувствува сакано и да не им недостасува нешто за да се развиваат добро… Да се помогне, во овој случај значи да се даде на иднината – рече Папата.

А ние бевме – во наводници – „посвоени“ од Отецот, па затоа сме посвоени деца – рече Светиот Отец и истакна: Татковството и нежноста се многу потребни! „Нежност“ е збор што често се исфрла од речникот на секојдневниот живот… – забележа Папата. Вистинската револуција во светот ја прават оние кои работат од ден за ден, без врева, за малите и сиромашните повеќе да не бидат презирани, отфрлени, напуштени, туку да можат да се подгинат и да живеат во согласност со нивното достоинство како деца Божји. Добро подготвеното, добро следеното, добро посетеното посвојување на далечина го прави токму тоа. Тоа е малото семе на Царството Божјо, кое расте и донесува плод до ккога се негува со љубов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот