Посветителна молитва на Радио Марија во Скопската Катедрала

На празникот Благовест, 25 март, во Скопската Катедрала по завршувањето на Светата Миса се молеше посветната молитва на Радио Марија. Имено, членовите на Здружението Радио Марија Македонија се приклучија кон светскиот молитвен ланец кој што токму на овој ден се одржува во сите земји во светот, членки на Светското семејство на Радио Марија.

По овој повод, монсињор Антун Циримотиќ го најави почетокот на Радио Марија и во Македонија кое верниците со нетрпение го очекуваат.

Е.Абјаниќ

Категорија: Македонија

За авторот