Португалските епископи против настава по родова теорија

Португалските епископи против настава по родова теорија

Во Португалија изминатите денови се собрани повеќе од 32.000 потписи во склоп на петицијата против уредбата на португалското Министерство за образование, граѓанство и рамноправност со која во училиштата во таа земја ќе се воведува настава по родовата теорија.

Португалската епископска конфереција, изрази загриженост заради спомнатата уредба и на своите интернет портали повторно го објави пасторалниот документ од 2013 година за родовата теорија.

Во текстот со наслов „Христијанската визија за сексуалноста. За родовата теорија“ португалските епископи предупредуваат на обидите за воведување настава по родова теорија, нарекувајќи ја оружје на индоктринацијата и обид тезите на таа идеологија да се подметнат како заеднички и неспорен научен податок. Потоа напоменуваат дека станува збор за идеологија со која се сака да се поттикне на антрополошка револуција, ставајќи го во позадина родовиот идентитет како природна и билошка состојба. Всушност, наместо за полот, темелот за идентификација на личност се зборува за родот односно за културна и психолошка конструкција на идентитетот; наместо за рамноправноста на мажот и жената се зборува за родова рамноправност; додека семејството се заменува со семејства, порача Португалската епископска конференција.

Португалските епископи исто така предупредуваат на илузорноста на тврдењето дека е можно да се откажеш од билошките податоци за да се избришат разликите помеѓу мажите и жените. Потоа потсетуваат на правото на родителите да го изразат своето мислење во врска со наставата по родова теорија во училиштата, напоменувајќи дека со оглед на тоа што образовниот систем се користи за да се поддржи и да се рашири таа идеологија, добро да се присетат на приматот на правото на родителите во насочувањето на текот на образованието на своите деца.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот