Португалија: Борбата против сиромаштвото мора да стане „национална цел“

Португалија: Борбата против сиромаштвото мора да стане „национална цел“

Пандемијата од коронавирусот во Португалија осиромаши 400.000 луѓе затоа борбата против сиромаштвото мора да стане „национална цел“, порача на 18 јули епископот на бискупијата Леирија-Фатима кардиналот Антонио Марто.

Повикувајќи се на најновиот документ на Комисијата на Епископската конференција на Португалија „Правда и мир“ кардиналот Марто предупредува дека стапката на сиромаштво во земјата е во пораст за 25%, а нееднаквоста за 9% со што Португалија ја вбројува меѓу петте земји на Европската унија со оглед на бројот на лица изложени на ризикот од сиромаштво.

Повикувајќи ги вернците да не останат рамнодушни и да не го вртат погледот од страдањето на многу луѓе, кардиналот порача дека од „сите бара одговори на потребите на оние во најголема потреба“. Потребна е вистинска и конкретна солидарност и наследување на Христос во љубовта за оние кои трпат, истакна епископот на познатото португалско светилиште, додавајќи дека верниците не смеат да дозволат „вирусот на рамнодушноста“ да ги спречи во градењето на „културата на милосрдието.“

Документот на Комисијата Правда и мир предупредува на итната потреба за повторно градење на економското и социјалното ткиво затоа што моменталната криза не ги погодува еднакво сите, туку најтешките последици ги погодуваат најслабите во општеството. Кардиналот Марто притоа предупреди дека во борбата против сиромаштвото и покрај одредениот напредок, Португалија во последните две децении не одржа чекор со останатите земји во светот, затоа Комисијата бара фондовите на Европската Унија за обнова да се употребат за „реален развој.“

Како држава, граѓанско општество и христијански заедници не смееме да размислуваме дека распределбата на европските фондови за борба против сиромаштвото е доволна, предупредува Комисијата и порачува дека е важен и постојаниот надзор за распределба на средствата. Португалија би морал даде поголемо внимание на причинителите на сиромаштвото и да го поддржи економскиот развој кој промовира еднакви можности. На земјата во овој момент исто така и треба политика за прераспределба на приходот кој ги надминува само законите на пазарот, се порачува во документот на Комисијата при Епископската конференција на Португалија „Правда и мир.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот