Поранешен бездомник: Го молев Бог за малку пари

Некогашниот бездомник, Унгарецот Ласло Андрашек, кој во септември доби 2 милиони евра на лотарија, голем дел од својата добивка поклони на домот за бездомници, во кој и самиот до неодамна живееше, јавуваат унгарските медиуми.

Андрашек, кој живее во градот Ѓер, за телевизја РТЛ клуб рече дека во својата добивка на лотарија гледа услишана молитва.

-Го молев Бог за малку пари, но не за толку многу – рече поранешниот бездомник, кој во меѓувреме купи стан за себе и жената, како и станови за своите три деца.

Во разговорот истакна дека сака да биде внимателен со парите и дека не сака да ги троши на глупости. Освен што станбено го обезбеди своето семејството, даде голема донација на домот за бедомници во својот град, Унгарецот сака финансиски да им помогне и на жени жртви на насилство, како и да формира фондација за помош на алкохоличари. И тој самиот прет пет години бил алкохоличар, што најаверојатно е и причината поради која станал бездомник.

Битно нет/го*ко

Категорија: Свет

За авторот