Порака по повод Светскиот ден на туризмот

Ватикан, 13.7.2013 /к.мк/ – „Туризам и вода – да ја заштитиме нашата заедничка иднина“ е темата на Светскиот ден на туризам кој се одбележува на 27 септември. Во поглед на тој настан Папскиот совет за душогрижништво на мигранти и патници упати порака во која се повикува на одговорна и етичка употреба на водата и на целото создание.

Без вода нема живот – од тоа тврдење појдува спомнатата порака, потпишана од претедателот на советот, кардинал Антонио Марија Вегљо, и секретарот епископот Јозеф Калататипарамбил. Во пораката се истакнува дека во 2012 година е надмината бројката од милијарда меѓународни туристи, додека истовремено едно од три лица во светот живее во земја која е во недостаток од вода, а според проценките е можно до 2030 година половина од светското население да биде погодено од недостаток на вода. Освен тоа, се истакнува во пораката, околу милијарда луѓе во светот немаат пристап до вода за пиење. Поради тоа нераскинлива е врската помеѓу екологијата и одржливиот туризам и заштита на изворите за вода и сѐ што е создадено.

Туризмот ќе биде вистинска предност доколку се успее да се управува со богатствата според мерилата на „зелената економија“ (‘green economy’), односно економија чие влијание врз околината се задржува во прифатливи граници – стои во пораката – во која потоа се повикува на внимателност кон начелата за општите добра на земјата, кое секако дека е природно, најважно право. Тоа е така бидејќи сѐ што е создадено е дар Божји – се објаснува во пораката – а Создателот нѐ повикува да го чуваме тој дар, свесни дека сме негови управители, а не господари.

Втората важна работа која ја истакна Папскиот совет во поракате е поврзаноста на водата со литургијата, која – како стои во пораката – нѐ потсетува на историјата на Божјата љубов кон човечкиот род. Од Воскресното бдение до Крштението, од библиските настани за општиот потоп и преминот преку Црвеното море, до евангелскиот настан на миење нозе, водата ни зборува многу за животот, очистувањето, обновата и натприродноста. Освен тоа Исус се нарекува „извор на жива вода“, „Оној која ја гаси жедта“, а каде постои жед, најмногу тежнее човечкото срце, како и неговото барање за вистинска среќа.

Поради тоа Папскиот совет ги повикува сите оние кои работат во туризмот на голема одговорност со управување на водите, за да тоа подрачје биде вистински извор на богатство на општествено, еколошко, културно и стопанско поле, а со тоа ќе се избегнат штетите предизвикани од лошото управување со природните богатства за да не се оптеретат идните генерации. Поради тоа политичарите, претприемачите, како и самите туристи се повикани на промена на менталитетот кој ќе доведе до усвојување на поинаков начин на живот, одбележен со умереност и самодисциплина, а туристот да сфати дека „не е се дозволено“. Папскиот совет на крајот од пораката истакнува дека зачувувањето на создаденото е важна тема за папата Фрањо, кој тоа го покажа во повеќе прилики, почнувајќи од светата Литургија на самиот почеток од неговиот понтификат на 19 март оваа година. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<