Порака од Папата за кампањата „Сподели патување“

Порака од Папата за кампањата „Сподели патување“

Сакам да ве охрабрам во Каритас, заедницата на верниците со нејзините пастири и сите луѓе со добра волја да создавате секогаш нови простори за солидарност, како на нашите средби би никнувало ново братство со мигрантите и бегалците – истакна папата Фрањо во пораката упатена до сите кои на 19 јуни 2018 година присуствуваа на ручекот во јавната кујна на Каритас „Свети Иван Павле II“, кај Термини, главната римска железничка станица.

На ручекот присуствувале околу 100 лица, меѓу кои мигранти, бегалци, политичари, претставници на институции, општества и Црквата. Ручекот е организиран во рамки на кампањата „Сподели патување“ организран од Меѓунардониот Каритас, која се одржува од 17-24 јуни, а на поттик од Светиот Отец на 27 септември минатата година, за време на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот