Порака на папата Фрањо по повод започнувањето на Family Global Compact

Порака на папата Фрањо по повод започнувањето на Family Global Compact

По повод отпочнувањето на Family Global Compact, папата Фрањо испрати порака во која изрази надеж за соработка за изучувањето на семејните односи и пасторалното делување со цел да се промовира тоа незаменливо богатство кое е семејството, и покрај општественото контекст обележан со криза.

„Сакам да го поддржам Family Global Compact заедничка програма за делување насочена кон поддршка на дијалогот помеѓу пасторалната грижа ya семејството и центрите за проучување и истражување на семејството кои се присутни на католичките универзитети низ целиот свет“, е желбата на папата Фрањо, која тој веќе ја изрази во Aпостолскиот поттик Amoris laetitia и која повторно ја нагласува во пораката по повод започнувањето на иницијативата Family Global Compact, која ја промовираше Дикастеријата за лаици, семејство и живот и Папската академија за општествени науки.

Истражувачка и пастoралната работа

Целта на Family Global Compact е да се промовира соработката помеѓу животните патишта и академските студии. Во својата порака, Папата ги објаснува причините: „Католичките универзитети, заедно со пасторалната грижа, можат подобро да промовираат култура на семејство и живот кои, тргнувајќи од реалноста, им помага на новите генерации – во ова време на несигурност и недостаток на надеж – да го ценат бракот, семејниот живот со своето богатство и неговите предизвици, убавината на раѓањето и заштита на човечкиот живот“.

Актуелен контекст на семејните односи

Задачата на универзитетот е темелно да ги проучува различните аспекти на институцијата семејство за да ја поддржи нејзината вистинска важност денес, и во размислувањето и во делувањето – забележува папата Фрањо и ја истакна моменталната ситуација: „Од спроведените студии, се препознава контекстот на криза во семејните односи, поттикната од тешкотии и структурни пречки, што го отежнува мирното формирање семејство во отсуство на соодветна поддршка од општеството. И ова е причината поради која многу млади луѓе ја отфрлаат одлуката за брак во корист на понестабилни и неформални облици на односи. Меѓутоа, истражувањата исто така укажуваат дека семејството сè уште е главниот извор на општествениот живот и покажува дека постојат добри практики кои заслужуваат да се споделат и да се шират на глобално ниво“.

Не смееме да се помириме со пропаѓање на семејството

Во својата порака, Римскиот бискуп ги опишува задачите на Family Global Compact, програма која – како што истакнува – не е статична, туку поделена на четири чекори. Првиот се однесува на поддршка на дијалогот помеѓу универзитетските истражувачки центри кои се занимаваат со семејни прашања; додека целта на втората е унапредување на односите меѓу католичките универзитети и христијанските заедници.

Цел на третиот чекор е да се поттикне семејната култура и животот во општеството, од кои треба да се извлечат корисни предлози за јавни политики. На крај, четвртиот чекор има за цел да ги поддржи предлозите во корист на семејството во сите нејзини аспекти кои се споменати во пораката: духовен, пасторален, културен, правен, политички, економски и социјален. Папата Фрањо ја нагласува одговорноста на Црквата: „Во семејството се остваруваат голем дел од Божјите соништа за човечката заедница. Затоа, не смееме да го прифатиме неговото пропаѓање во име на неизвесноста, индивидуализмот и консумеризмот, кои предвидуваат иднина за поединци кои мислат само на себе. Не можеме да бидеме рамнодушни кон иднината на семејството, тој спој на животот и љубовта, незаменливи и нераскинлив сојуз меѓу мажот и жената, местото на средба меѓу генерациите и надеж на општеството“.

Здравото семејство е добро за сите

Семејството, да потсетиме, има позитивни ефекти врз сите – забележува на крајот папата Фрањо – бидејќи го создава општото добро. Затоа, целата црковна и граѓанска заедница ужива во присуството на здрави семејства, кои Светиот Отец ги нарекува незаменливо богатство.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот