Порака на папата Фрањо за 72-та Национална литургиска недела

Порака на папата Фрањо за 72-та Национална литургиска недела

Во Салерно, Италија во понеделник на 22 август 2022 година е отворена 72-та Национална литургиска недела. Иницијативата ја промовира Центарот за литургиски активности, а кардиналот Пиетро Паролин во името на папата Фрањо до учесниците испрати порака во која посака плодно продлабочување на реалноста на црковните служби.

Државниот секретар кардинал Пиетро Паролин со задоволство ги пренесува топлите поздрави на папата Фрањо до претседателот на Центарот за литургиски активности, надбискупот Катанзаро-Сквилачеа, монс. Клаудио Манијаго, и сите учесници на студиската недела, потсетувајќи дека избраната тема „Служби во служба на синодалната Црква“ има посебно значење за Црквата во актуелниот историски момент.

Кардиналот се осврна на папата Фрањо, кој ја охрабри Црквата да го живее патот на Синодата во која е вклучена, станувајќи стручна во уметноста на средби и подготвени да си помагаме еден на друг за да нè збогатат различностите на харизми, звања и служби.

Во пораката државниот секретар објасни што очекува папата Фрањо од студиските средби на кои учествуваат бискупи, свештеници, ѓакони, монаси и монахињи, како и бројни лаици и жени. Надежта на Светиот Отец е – пишува тој – дека овој стручен собир, кој е во служба на пасторалната грижа на Црквата во Италија (…) придонесува за теолошко-литургиско-пасторално продлабочување на реалноста на службите, отворајќи перспективи кои се нудат за пасторално расудување на црковната заедница.

Учесниците на оваа студиска недела ќе го анализираат влијанието во црковната пракса на нововоспоставените служби лектор, аколит и катехист.

Во својата порака, кардиналот Паролин потсети на некои случаи на интервенција на Папското учителство во делот на службите, како на пример, пред 50 години со Моту проприо„ Ministria quaedam“ со кое, како што објаснува, свети Павле VI. ги преиспита сите прашања на пониските служби, задржувајќи ги службите лектор и аколит како воспоставени служби кои повеќе не се сметаат резервирани за кандидатите за Светата Тајна свештеничко ракополагање.

Поаѓајќи од тој документ, истакна кардиналот Паролин, Центарот за литургиски активности соодветно предлага размислување за литургиските потиици на целиот Божји наор. Папата размислува за обнова на Црквата во повеќе „заедничка“ и помалку свештеничка насока. Со Моту проприо „Spiritus Domini“, папата Фрањо го укинува ограничувањето што ги исклучуваше жените од пристап до првите две служби, додека со Моту проприо „Antiquum Ministryium“ ја основа катехетската служба.

Вашата конференција се наоѓа на линијата за продлабочување на различноста во службата, продолжи кардиналот Паролин, секогаш имајќи на ум дека целата служба во Црквата мора да биде вдахновена од духот на служењето кое го живее Исус.

Црквата, сфатена како таинство на заедништво, продолжи државниот секретар, става поголем акцент на улогата на верниците, станува збор за промовирање на појасна свест за повикот на верниците, што се изразува во мноштво задачи.

Но, како што предупредува кардиналот, треба да се внимава да не се помешаат општото свештенство и светотаинското свештенство, произволно толкувајќи ги концептите на „замена“ и „клирикализација“, со што се ризикува всушност да се создаде црковна структура на служба која е паралелна со онаа која е втемелена од Светата Тајна.

Кардиналот Паролин ја заврши пораката уверувајќи ги сите учесници дека Папата ги придружува со молитва и благослов, на што ја додаде и неговата лична желба за целосен успех на оваа важна пасторална иницијатива.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот