Порака на Папата за Светскиот ден на мигранти и бегалци: Секогаш кон едно поголемо ‘ние’“

Порака на Папата за Светскиот ден на мигранти и бегалци: Секогаш кон едно поголемо ‘ние’“

Папата Фрањо во четвртокот на 6 мај ја објави пораката за 107. Светски ден на мигранти и бегалци кој ќе се одбележи во неделата на 23 септември со наслов „Секогаш кон едно поголемо ‘ние’“

На почетокот на пораката Светиот Отец најпрво потсетува дека во енцикликата „Сите сме браќа“ во број 35 ја изразува својата грижа, но и желбата која и понатаму го зазема важното место во неговото срце, а тоа е после здравствената криза светот да не западне во нездрав консумеризам и во нови облици на себична самозаштита. Со други зборови изразува надеж дека на крајот повеќе нема да бидат „другите“, туку само „ние“. Токму тоа е и поводот за насловот на овогодинешната порака за Светскиот ден на мигранти и бегалци.

Зборувајќи за концептот „ние“ Папата напомена дека тој е содржан во проектот на Божјото создавање. „Бог нѐ создал машко и женско, битија различни и комплементарни, за заедно да создаваат едно „ние“ кое е преодредено да стане се поголемо и поголемо со умножувањето на генерациите. Бог нѐ создал на својот образ, на образот на едниот и троедин, заедништво во различноста,“ истакнува во пораката со потсетување дека кога човечкото битие заради својата непослушност се одалечил од Бог, Тој со својата милост сакал да понуди пат на помирување не само на поединци, туку на народот, кој го вклучува целото човечко семејство.

„Сегашното време меѓутоа ни покажува дека „ние“ кое Бог го сакал е скршено и расцепкано, рането и унакажено. И тоа посебно се случува во моментите на најголема криза, како што е сега пандемијата.Затворени и агресивни национализми (Сите сме браќа бр. 11), радикален индивидуализам (исто бр. 105) нѐ уриваат или делат и во светоти внатре во Црквата. А највисоката цена ја плаќаат оние кои најлесно можат да станат други: странците, мигрантите, маргинализираните кои живеат на егзистенцијалната периферија“, порача Папата со потсетување дека сите се наоѓаат во истиот кораб и дека повеќе не постојат „другите“, туку „ние“ како едно големо човештво. (…)

Денес Црквата е повикана да излезе на улиците на егзистенцијалните периферии за да ги излекува ранетите и да ги бара оние кои се загубени, без предрасуди или страв, без прозелитизам, но подготвена да го шири својот шатор за да им посака добредојде на сите. Меѓу жителите на предградијата ќе најдеме многу мигранти и бегалци, раселени лица и жртви на трговија на кои Господ сака да им ја покаже својата љубов и да им го навести своето спасение,“ наведува Светиот Отец во својата овогодинешна порака.

Исто така упатува повик до сите мажи и жени во светот заедно да одат кон поголемо „ние“ така заедно да ја градат својата иднина на правда и мир, обезбедувајќи никој да не биде оставен. „Иднината на нашите општества е иднина „во боите“, збогатена со разноликоста и меѓукултурните односи. Заради тоа мора да научиме да живееме заедно, во хармонија и мир“, порачува римскиот епископ со потсетување дека е идеал да се создаде нов Ерусалим каде се среќаваат сите народи обединети во мир и слога, славејќи ја добрината Божја и чудесата на создавањето. „Но за да се постигне овој идеал сите мора да се стремиме за рушење на ѕидовите кои не разделуваат и градење на мостови кои ја негуваат културата на средба, свесни за блиската поврзаност која постои меѓу нас“, истакнува Папата и порачува: „Не смееме да се плашиме да сонуваме и да го работиме на тоа заедно како едно човештво, како сопатници на истиот пат, како синови и ќерки на оваа иста земја која е наш заеднички дом, сите како браќа и сестри.“

Овогодинешната порака која ја потпиша во Рим на празникот Свети Филип и Јаков, 3 мај папата Фрањо ја завршува со кратка молитва.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот