Порака на епископите од сирискиот град Алепо

„Ние сме деца на Воскресението, синови на надежта и цврсто веруваме дека нашето страдање нема да биде залудно, се вели во велигденската пораката на католичките епископи од Алепо упатена до верниците.

Тие во порака се обраќаат со зборови на утеха и надеж кон жителите на сирискиот град – маченик, кој е повторно погоден од конфликти по неколку недели на затишие. Конфликтот ги зафати, како населбите, контролирани од владата, така и оние кои се под власт на бунтовничките милиции. Артилерискиот оган и бомбардирањата погодија и една болница на волонтерската организација „Лекари без граници“.

Во пораката, пренесена од агенцијата Фидес, католичките епископи на Алепо се обраќаат „кон совеста на оние кои ја заговараат и водат оваа војна”, молејќи се гласно: „Доста! Од љубов кон Бога“ и „од милост кон луѓето“ во името на крвта на децата и мачениците, во име на викањето кое се издига до Бога и во името на солзите на ожалостените мајки“.

Епископите на Алепо апелираат сите да не се предаваат пред тагата и очајот, и повикуваат дека токму преку учеството во Страдањето Христово, страдањата на христијаните во Алепо ќе го покажат значењето пред светот на она што се случува во историјата – тајната на спасението, навестено од Евангелието.

Католичките пастири на градот – маченик го обновуваат посветувањето на Алепо на Безгрешното срце на Марија, која во нејзината објава во Фатима замоли посветување на светот на Непорочното срце во името на мирот.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот