Пораката на Светиот Отец до Парискиот форум за мир: Мора од кризата да излеземе подобри

Пораката на Светиот Отец до Парискиот форум за мир: Мора од кризата да излеземе подобри

Потребна ни е одговорна надеж за подобрување на светот и излегување од пандемијата, лекувајќи ги раните на човечкото семејство, стои во пораката на папата Фрањо по повод 4. Париски форум за мир, кој се одржува од 11 до 13 ноември.

Мирот не може да се оствари без конкретни колективи обврски за целосно разоружување. Зголемувањето на воените трошоци со оправданието за злоупотребената идеја на одвраќањето заснована на рамнотежата за залиха на вооружување, веќе предизвика голема хуманитарна трагедија. Не смееме да ја пропуштиме приликата да излеземе подобри од кризата со пандемијата, да го подобри својот свет и длабински да ги зацелиме раните на човечкото семејство. Тоа се клучните мисли во пораката на папата Фрањо со која им се обраќа на организаторите и учесниците на 4. Париски форум за мир кој започнува на 11 ноември на тема „Намалување на глобалните поделби.“

Придонес за промовирање на мирот

Светиот Отец изразува надеж дека размислувањето наредните денови ќе придонесе за промовирање на мирот за добро управување и подобра иднина за сите и ќе придонесе за подобро излегување од пандемијата.

Форумот ова година ја стави како приоритет од 80 проекти борбата против кризата предизвикана од болеста Ковид-19; заштитата на заедничките подрачја: океаните, климата, просторот, биодиверзитетот, подоброто управување со дигиталниот свет; заштитата на јавната сфера во време на пандемија; борба против лажните вести и заканите на новнарите; постигнување еднаквост помеѓу мажите и жените; зајакнување на соработката на земјите во развој; реформи на капитализмот преку социјална и солидарна економија.

Конкретна прилика за преобраќање

Човечкото семејство во овој историски период е соочено со изборот помеѓу т.н. „враќање во нормала“, кој е полесниот пат или пак конкретни прилики за преобраќање, преобразба и повторно размислување за стилот на животот, економските и социјалните системи, истакна Папата.

Меѓутоа реалноста која ја познававме пред пандемијата беше она во која богатството и економскиот раст беа резервирани за малцинство, додека милиони луѓе не можеа да ги задоволат најосновните потреби и да имаат достоинствен живот, предупредува Светиот Отец. Земјата е ограбена со краткорочното искористување на ресурсите, загадувањето, консуимеризмот, „еднократната употреба“ и ранета од војните и експериментите со оружјата за масовно уништување.

Враќањето во „нормала“, би значело исто така и враќање на старите општествени структури кои се засноваат на самозадоволноста, национализмот, протекционизмот, индивидуализмот и изолацијата, искористувајќи ги најсиромашните браќа и сестри. Можеме ли да избираме таква иднина, прашува во пораката Папата.

Никој не се спасува сам

Светиот Отец повтори дека одлуките кои денес ги донесуваме за излегување од кризата го одредуваат патот на оние генерации кои доаѓаат. Глобална заедница сме и никој не се спасува сам. Излезот е, рече Папата, заедно да работиме за да излеземе подобри отколку порано. Првото и најитно прашање на кое мора да свртиме внимание е дека нема соработка која создава мир без конкретни и колективни обврски во корист на целосно разоружување. Светските воени трошоци сега го намдинаа нивото забележано на крајот на Студената војна и секоја година систематски се зголемува, предупредува Светиот Отец.

Властите го оправдуваат повторното вооружување повикувајќи се на злоупотребената идеја на одвраќање заснована на рамнотежата на залихата на вооружувањето. Но, оставрувањето на сопствените интереси, главно врз основа на искористување или заканата со сила, според мислењето на Папата секако не гарантира градење и одржување на мир. Идејата на одвраќање всушност во многу случаи се покажала погрешна, што доведе до големи хуманитарни трагедии. Треба да се нагласи и дека логиката на одвраќање е поврзана со логиката на либералниот пазар, вооружувањето да се смета рамноправно со останатите производи и затоа како таков слободен пазар во целиот свет. Не случајно што со години некритички сведочиме ширење на пазарот на оружје на глобално ниво, рече Папата.

Надеж која поттикнува делување

Пандемијата драстично ги истакна ограничувањата и недостатоците на нашите општества и животните стилови. Но според зборовите на Светиот Отец мора да се надеваме, затоа што надежта нѐ повикува да сонуваме големи соништа и да дадеме простор на имагинацијата за новите можности. Надежта поттикнува делување врз основа на свеста дека реалноста може да се промени. Папата во пораката изразува надеж дека христијанската традиција, посебно социјалната наука на Црквата како и другите верски традиции можат да придонесат форумот во Париз да обезбеди доверлива надеж дека неправдата и насилството не се неизбежни, не се нашата судбина.

Соочени со последиците од пандемијата, совеста нѐ повикува на одговорна надеж, односно да не го следиме полесниот пат на враќање во „нормала“ обележана со неправда, туку да видиме во кризата прилика да го преиспитаме својот начин на живот и нашите економските и општествени системи. Надежта која ни овозможува да го отфрлиме искушението на полесните теченија и која ни дава храброст да продолжиме по патот на општото добро, грижата за сиромашните и заедничкиот дом. Да не ја пропуштиме ова прилика да го подобриме светот, повика Папата, одлучно да усвоиме поправедни начини за постигнување на напредок и градење на мирот. Вдахнати од ова уверение можно е да создадеме економски модели кои служат на потребите на сите со сочувувањето на даруваната ни природа, како и политика насочена кон иднината која промовира целосен развој на човечкото семејство, истакна на крајот од својата порака Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот