Пораката на Папата по повод Националната литургиска недела во Италија

Пораката на Папата по повод Националната литургиска недела во Италија

Литургијата треба да се врати во центарот на христијанската вера, истакнува папата Фрањо во пораката по повод почетокот на 71. италијанска литургиска недела, што се одржува во Кремона од 23 до 26 август.

Спомнувајќи го „литургискиот пост“ – како што стои во пораката – „тажното искуство“ од минатогодишниот прекин на богослужбите поради пандемијата, како и проблемите што ги предизвика, Папата изрази надеж за новите упатства за литургискиот пасторал, кои на литургијата ќе ѝ го вратат централно место во верата и духовноста на верниците.

Во пораката, потпишана од државниот секретар на Папата, кардиналот Пиетро Паролин, која беше прочитана на почетокот од средбата, Папата му се заблагодари на Бога за фактот што тој настанот може да одржи оваа година, откако минатата година беше одложен поради пандемија. Иако – додаде тој – тоа одложување беше корисно за продлабочување на темата на неделата, која гласи „Каде што се двајца или тројца се собрани во мое име.  Заедница, литургии и територии “, како и апектите за славење кои беа ставени на големи искушенија со појавата на пандемијата Ковид-19 и потребните ограничувања за да се спречи нејзиното ширење. Покрај тоа, прекинот на верските служби посебно ја истакна важноста на божествената литургија за животот на христијаните.

Неделниот собир „во името на Господ“, за кој христијаните отсекогаш сметале дека е неизбежна реалност, неразделно поврзана со нивниот идентитет, беше тешко погодена во најакутната фаза на ширење на пандемијата – истакна Папата. Сепак, љубовта кон Господ и пасторалната креативност ги охрабри пастирите и верниците да пронајдат нови начини да се негува заедништвото на верата и љубовта со Господ и со браќата и сестрите, во исчекување да се врати целосното евхаристиско славење во мир и безбедност. Ова исчекување беше болно, но и просветлено со таинството на Господовиот крст, и плодно со бројни дела на грижа, братска љубов и служба кон оние кои најмногу страдаа заради последиците од здравствената криза.

Меѓутоа, прекинот на литургиските прослави го потврди она што веќе претходно беше забележано, односно загрижувачката промена на епохата; фактот дека во реалниот живот перцепцијата на луѓето за времето се смени, а со тоа и самата недела, како и просторот. Ова – според Папата – влијаеше на чувството за заедницата, луѓето, семејството и односот со територијата.

Неделното собирање на тој начин стана неурамнотежен во однос на генерациското присуство, културната нееднаквост, напорите да се воспостави хармонична интеграција во животот на парохијата, како тоа би било навистина кулминација на сите нејзини активности и извор на мисионерската динамика при носењето на Евангелието до географските и егзистенцијалните периферии. Поради оваа причина, папата Фрањо се надева дека Националната литургиска недела, со своите предлози за размислување и моменти на славење, ќе помогне да се утврдат и воспостават некои упатства за литургискиот пасторал, кои потоа ќе им бидат предложени на парохиите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот