Поради проблеми со движењето Папата доби личен медицински асистент

Поради проблеми со движењето Папата доби личен медицински асистент

Медицинскиот брат Масимилијано Страпети, за кого папата Фрањо претходно тврдеше дека му го спасил животот, е именуван за личен медицински асистент на Папата, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол во четврток 4 август 2022 година

Ватикан објави дека папата Фрањо добил личен здравствен асистент. Имено, папата Фрањо го избра Масимилијано Страпети, медицински брат за кој веќе изјави дека му го спасил животот, да му пружи дополнителна помош бидејќи 85. годишниот Папа се соочува со проблеми при движењето.

„Медицински брат, човек со големо искуство, ми го спаси животот“, рече папата Фрањо минатото лето по операцијата на дебелото црево .

La Repubblica наведува дека 52-годишниот Страпети бил тој што го советувал папата Фрањо да направи испитувања откако го имаше првиот напад на дивертикулитис во февруари 2021 година. Заедно со другиот медицински персонал од Ватикан му препорача на Папата операција за овој здравствен проблем да не се влоши.

Овој искусен медицински брат го придружуваше папата Фрањо за време на неговото неодамнешно патување во Канада.

По неговото именување, Страпети ќе работи со личниот лекар на папата Фрањо, д-р Роберто Бернабеи, професор по интерна медицина и геријатрија на Католичкиот универзитет Светото Срце во Рим.

Медицинскиот брат е вработен во Ватикан од 2002 година. Пред тоа осум години работел на одделот за интензивна нега во болницата Гемели во Рим. Служел како координатор за медицински сестри за здравствениот систем на Ватикан и имаше важна улога во медицинската добротворна организација на Ватикан за бездомниците.

Ова именување се случи неколку дена откако папата Фрањо, враќајќи се од Канада, им рече на новинарите дека поради неговото здравје, можеби ќе треба малку да го разреди распоредот за патувања.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот