Понтификат во движење, по патиштата на светот

Понтификат во движење, по патиштата на светот

Папата Фрањо во 2019 година одржа седум меѓународни апостолски патувања во 11 земји. Тоа е понтификат во движење, кој во центар ја става географската и егзистенцијалната периферија

„Нешто ќе споделам со тебе. Не сакам да патувам“. Наизглед изненадувачки, овие зборови се на папата Фрањо, изговорени минатиот 8 јуни, кога се обрати на група деца кои ги прими во Ватикан во рамки на иницијативата ‘Детски воз’.

Всушност познато е дека како надбискуп на Буенос Аирес, Хорхе Марио Бергољо ретко ја напуштал својата бискупија. Тоа било понекогаш поради патувања во странство, најмногу во Јужна Америка или Рим за да учествува на синоди или конзисториуми. Но Фрањо секогаш го одржува својот патничи дух како мисионер, кој од мали нозе сонувал да ја посети Јапонија, по стапките на свети Фрањо Ксавиер.

Желба која за младиот аргентински Исусовец била неисполнива, оваа година успеја да ја исполни со посетата на Земјата каде изгрева сонцето. Всушност во својата бискупија – огромниот град – Буенос Аирес, идниот папа никогаш не стоел на едно место, тој патувал низ градот наоколу и нашироко, и скоро секогаш го користел јавниот превоз.

Според тоа епископот ‘патник’ бил постојано меѓу луѓето, кој своето време со задоволство го поминувал во ‘егзистенцијалните периферии’ во таканаречените Вилас Мисеријас на големиот град, а не во центарот на градот. Епископ, кој постојано е во движење во својата бискупија. А кога ќе стане пастир на Универзалната црква, Фрањо веднаш почувствувал дека неговата бискупија е низ целиот свет и мора повторно да крене на пат. Да ги запознава луѓето и да ги запознава новите околности. На некој начин, како што неодамна напомена Вашингтон пост, Папата ги користи апостолските патувања како би ја ‘реформирал Црквата’, ставајќи ја периферијата во центар на новите процеси на евангелизација.

Во 2019 година се направени рекордни меѓународни патувања. Папата Фрањо одржа седум меѓународни патувања во 11 земји и 4 континенти. Мораме да се вратиме во 1982 година и папата свети Иван Павле Втори, кој забележа ист број патувања надвор од Италија како наследник на свети Петар.

Осврнувајќи се на седумте папски патувања ова година, можеме да ги видиме најважните акценти од пасторалните активности на Бергољо. За време на посетата во Панама на Светскиот ден на млади, меѓуверскиот дијалог за време на патувањето во Обединетите Арапски Емирати и Мароко, екуменскиот дијалог за време на неговата посета во Бугарија и Македонија, а потоа и во Романија. И секако, заштитата на животната средина и свртување внимание кон сиромашните за време на посетата во Мозамбик, Мадагаскар и Маврициус и на крај мир и промоција на правата на жените и децата, како клучни моменти од неговата посета во Тајланд и Јапонија.

Категорија: Ватикан, Вести, Колумни

За авторот