Помош за настраданите од поплавите

Младите од парохијата Пресвето Срце Исусово од Скопје собраа помош за настраданите од поплавите во Босна и Херцеговина и Хрватска, а на 3 јуни 2014 година ја доставија до Црвениот Крст на Македонија, која ќе биде предадена на лицата во потреба.

Иницијативата дојде од младите, а акцијата за собирање помош траеше една седмица. На повикот од младите се приклучија многумина парохјани, како и други граѓани, донесувајќи храна, вода и хигиенски производи.

д.Д.Т.

Категорија: Македонија

За авторот