„Полагање на животот“ е новиот пат до беатификација

„Полагање на животот“ е новиот пат до беатификација

Во вторник, на 11 јули 2017 година, е објавено Апостолско писмо на папата Фрањо во облик на Моту проприо со наслов „Maiorem hac dilectionem“, „поголема љубов од ова.“

Документот е насловен со цитат од Евангелието според Иван, со кој и започнува: „Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели“ (Иван 15, 13)

Со овоа Моту пропио се воведува нов критериум во постапката за беатификација и канонизација, а тоа е „полагање на животот“, латински „Vitae oblation“.

Во текстот се истакнува дека се достојни за посебно внимание и посебна чест оние христијани кои следејќи ги од блиску стапките и науката на Господ Исус, го положиле својот живот, доброволно и слободно за другите, и до смртта истрајале во таа намера.

Херојското положување на сопствениот живот, засновано на љубовта, искажува вистинско, полно и примерно наследување на Христос, и затоа е достојно за восхит на заедницата на верниците – восхитот каков што се негува кон мачениците или оние кои херојски ги живееле христијанските крепости, се наведува во Моту проприо. Епархиската постапка и соодветната позиција, и понатаму се уредени со Апостолската конситуција Divinus perfectionis Magister од 1983 година и соодветните норми, кои со мачеништвото (super martyrio)  и херојското живеење на крепостите (super heroicitatem virtutum) воведен и истакнат како нов критериум поимот полагање на животот „vitae oblation“.

Во вториот член на новото Моту проприо се дефинираат критериуми според кои полагањето на животот е валидно и ефикасно во постапката за беатификација на слуга Божји: тоа е слободно и доброволно полагање на животот и храбро прифаќање на сигурната и непосредна смрт од љубов (propter caritatem), а во постапката мора да се докаже и врската помеѓу полагањето на животот и прераната смрт; потребно е да се докаже и дека слугата Божји барем на редовно ниво ги живеел христијанските крепости пред самото полагање на животот, сѐ до смртта; слугата Божји мора да биде на глас на светост, што мора да биде попратено и со знаци, барем после смртта; и конечно, за беатификација е потребно и чудо преку неговото застапување, после смртта на слугата Божји.

Епископот Енрико дал Коволо, ректор на Латеранскиот универзитет, објаснува дека сето тоа се воведува за поголема јасност во самата постапка за беатификација, затоа што, знаело да се случи одредени процеси да започнат како беатификација заради мачеништво, но да бидат довршени врз основа на херојското живеење на крепостите, или обратно. На пример свети Максимилијан Колбе е беатифициран заради херојско живеење на крепостите, а канонизиран како маченик.

Овој нов „трет пат“ ќе помогне да се осветлат многу случаи, затоа што нема да биде потребно да се докажува профилот на прогонителот, омразата кон верата (odium fidei), или пролевањето крв (effusio sanguinis), како што беше случајот кај мачеништвото. Ќе биде потребно да се докаже длабоката врска помеѓу полагањето на сопствениот живот и прераната смрт кои верникот ги прифаќа заради љубов кон Бог и кон браќата – рече ректорот. Критериумот „полагање на животот“ може да се примени на некои случаи на доброволно прифаќање на смртта заради помош на болни, на пример од чума, каде сопствениот живот се загрозува заради благосостојбата на другиот – заврши епикопот дал Колво.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот