Пократки судски процеси за прогласување невалидност на бракот

Со две писма во форма на Motu Proprio насловени Mitis Iudex Dominus Iesus и Mitis et Misericors Iesus, Папата Фрањо ја објави реформата на канонскиот процес за процесите за прогласување на невалидността на бракот односно во Кодексот по канонско право и Канонскиот законик на Источната Црква.

Меѓу новитетите наведени од Папата во двете писма се издвојува: отстранување на барањето за двојна потврдна одлука во корист на поништување на бракот; епископот може да биде единствен судија и ќе има можност да го довери спроведувањето на кратка постапка за донесување на одлука. Покрај тоа, епископот ќе може да назначи еден единствен судија кој ќе го истражува случајот, ако во неговата епархија е невозможно создавање на црковен суд.

Одлуката на папата Фрањо, датира од 15 август, а е донесена во пресрет на редовната Епископска синода посветена на семејството и една година по формирањето на специјалната комисија задолжена за студија на реформата на судскиот процес за бракот, која едногласно ги одобри предлозите дадени од четворица „големи експерти“.

Во воведот на писмата Папата појаснува дека „загриженоста за спасението на душите е врховната цел на институциите, законите и правото во Црквата“, затоа тој ја почувствувал обврската да се интервенира. Светиот Отец ги резимира на следниов начин критериумите на реформата: „Пред сè една судска одлука во корист на поништување на бракот, што е веќе извршна; назначувањето на еден единствен судија, кој дејствува под одговорноста на епископот; самиот епископ, може да биде судија. Еден пократок процес, но без да тоа да ја загрозува неразрешливоста на бракот, за што е обврска на епископот да внимава за тоа. Евентуалната жалба, во случај кога една од странките во процесот сака да ја оспори првичната одлука на првата инстанца, жалбата ќе се разгледува во митрополитските седишта, или во архипископијата кон кој припаѓа епархијата на верникот. Судиите од втората инстанца, пред жалбата чија цел е елоквентно да го одложи извршувањето на решението, односно врз основа на технички прашања наменети да го продолжи времето во присуство на едно спротивно решение, можат да го потврдат за краток рок првичното решение. Кон епископските конференции се упатува барањето судските постапки да се бесплатни, бидејќи „Црквата, покажувајќи се на верниците како дарежлива мајка, во дисциплината е тесно поврзана со спасението на душите и треба да ја покаже незаменливата љубов на Христос преку која сите сме спасени“. Останува во сила можноста за жалба пред Римската рота.

Во секој епархија, во прва инстанца, епископот може да биде судија во процесите за поништување на бракот и може да ја остварува лично оваа своја власт или да овласти некого. Епископот треба да создаде црковен суд во својата епархија за процесите на невалидност на бракот, но ќе го има исто така и правото да прибегне кон друг црковен суд од некоја соседна епархија. Процесите за прогласување на невалидност на бракот се доверени на колегиум од тројца судии, предводени од едно црковно лице, додека другите судии можат да бидат и лаици.

Во случај кога епископот не може да создаде црковен суд, ниту да ги довери процесите на оној во соседната епархија, може да назначи еден единствен судија, црковно лице, кој, таму каде што е можно, ќе биде придружуван од двајца помошници, може и лаици, „кои се карактаризираат со чесен живот, експерти за правните и хумани науки, кои ќе мора да бидат одобрени од самиот епископ за таа обврска. Пред да се прифати процесот, судијата мора да утврди дека бракот е „срушен неповратно и дека е невозможно обновувањето на брачните соживот“.

Првичната одлука која ја потврдува невалидността на бракот, влегува во сила, откако ќе заврши рокот за жалба, без потреба од две потврдни одлуки, дури и во отсуство на жалба од една од странките. Сепак, ќе биде можно, освен жалбата, да се прибегне и кон трета судска инстанца, „претставувајќи нови и сериозни докази или аргументи во рок од триесет дена“. Штом одлуката за невалидност на бракот стапи во сила „странките чиј брак е прогласен за неважечки, можат да стапат повторно во брак, освен ако тоа не го забранува самата судска одлука со специјално наложена забрана“.

Во писмата Папата предвидува и некои „процедурални норми“, предвидувајќи на пример „епископот да ги следи со апостолски дух разделените или разведени сопружници, кои поради нивната животна состојба, најверојатно ја имаат напуштено религиозната практика“. Епископот ќе ја сподели со парохиските свештеници „пастирската грижа за овие верници кои се во потешкотија. Во придружба на молбите за прогласување невалидността на бракот, ќе бидат ангажирани исто луѓе со правни знаења, како на пример парохискиот свештеник, кој ги подготвил сопружниците за брак. Ќе биде можно изработка на епархиски водич кој ќе ги содржи основните елементи за „правилното спроведување на постапката“.

Епископот може да ги решава случаите на невалидност на бракот преку една „пократка процедура, секој пат кога барањето е претставено од страна на двајцата сопружници или од еден од нив со согласност на другиот“. Но исто така секој пат кога барањето „ќе се заснова на факти и луѓе, поддржани од сведоци или документи, кои не бараат една повнимателна истрага за прогласување на невалидността на бракот“. Во секое решение странките ќе бидат предупредени за моралните и граѓански обврски, „еден кон друг и кон децата“.

Во документот се наведени околностите под кој ќе може да се спроведе краток процес.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот